Трансфер на повидок: Локатели од преселба во гигант го делат уште – 10 милиони евра


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ѕвездата на Сасуоло и италијанската репрезентација Мануел Локатели привлече голем интерес од Јувентус, кој не успеа да ги задоволи барањата на ривалот од Серија А.

„Старата дама“ сака да го ангажира 23-годишниот фудбалер, а и самиот играч има желба да го носи дресот на поранешниот италијански шампиони.

Јувентус се обидел да го договори Локатели на позајмица со откупна клаузула од 30 милиони евра на крајот на сезоната, но Сасуоло ја одбил понудата.

Сасуоло бара 40 милиони евра за својата најголема ѕвезда а токму толку пари им нуди Арсенал, но сепак Локатели не сака да игра за клуб кој не е дел од Лигата на шампиони.

Приоритет на 23-годишниот фудбалер е Јувентус, а преговорите меѓу двата тима во следниот период сигурно ќе бидат поинтензивни и ќе успеат да пронајдат некое решение.