Трент Александер Арнолд посочи која е негова цел во врска со евентуалните идни трансфери


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Ливерпул, Трент Александер Арнолд посочи дека сака целата своја кариера да остане во редовите на Ливерпул.

21 годишниот фудбалер е продукт на академијата на Ливерпул и целата своја кариера ја помина на „Енфилд“.

Последните неколку години се наметна како еден од најдобрите, ако не и најдобар десен бек во светот, а сега порача дека сака да остане во Ливерпул цела своја кариера.

„Во моментов сум играч на Ливерпул. Го сакам клубот повеќе од се, сакам се околу него. Ги сакам фановите, луѓето. Го сакам градот. Па би рекол не, зошто би мислел за заминување во иднина“ –изјави Александер Арнолд.