Три гола на Лева за полувреме, убедлива победа на Баерн


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во Германија се играше куп, а Баерн без проблеми успеа да го совлада Јена со 5:0 со три гола на Роберт Левандовски.

Повторно доминира Роберт Левандовски.

Полјакот успеа во првата рунда на ДФБ Покал куп на Германиаја да постигне три гола за полувреме, а Баерн да го совлада Јена со 5:0.

После 45 минути беше 3:0 со споменатите голови на Роберт Левандовски, а во продолжението головите постигнаа уште Артуро Видал (кој, инаку, го замени Полјакот), како и Матс Хумелс.

Покрај Баерн, пласман во втората рунда обезбедија и Аугсбург кој беше подобар од Равенсбург со 2:0, како и Сент Паули кој го совлада Либек со 3:0 истотака во гости.

https://www.youtube.com/watch?v=51aw5WSMuao