Три ѕвезди кои може бесплатно да го засилат Челси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот гигант Челси вчера одигра неверојатен меч против Манчестер сити (1-1) и покажа дека има квалитет, но тренерот Маурицио Покетино на лето ќе сака нови засилувања.

Медиумите пишуваат дека постојат тројца фудбалери кои би можеле бесплатно да го засилат премиерлигашот идното лето.

Еден од нив е Марио Хермосо, кој има договор со Атлетико Мадрид до крајот на сезоната и игра на централната дефанзивна позиција.

Втор на списокот е Адриен Рабио од Јувентус, кој има договор до лето со калчолигашот, по што планира да замине од клубот, а би можел во Лондон да биде замена за Конор Галагер.

Лука Модриќ е последниот на списокот на англиските медиуми како потенцијално засилување за Челси.