Трката во Имола нема да се вози поради поплавите во Италија


Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Формула 1 се соочи со сериозен проблем поради поплавите во Италија и тешкиот пристап до легендарната патека во Имола, по што мораше трката да биде откажана.

Раководството на Ф1 објави дека трката во Имола нема да се вози поради обилните дождови кои ја зафатија Италија.

Ова значи дека возачите во Ф1 ќе паузираат до следната трка, која е закажана за 28 мај во Монте Карло.