Тројца навивачи повредени во пукотници по мечот меѓу Бостон и Милвоки (Видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Голем инцидент се случи по мечот меѓу Бостон селтикс и Милвоки бакс во полуфиналето на Истокот, при што повредени се три лица.

Бостон славеше во шестиот меч и така се избори за „мајсторка“, но резултатот падна во сенка поради пукотниците пред салата.

Поради пукотниците се создаде голема паника, поради која полицијата мораше да интервенира и да го контролира теренот околу арената.

Тројца луѓе се повредени во текот на хаосот и завршиле во болница, а меѓу нив се и 30-годишен маж и 16-годишно девојче.

Бостон славеше против Милвоки со 108-95, па така израмни на 3-3 во серијата.