Циркусот продолжува: Челси „заборави“ да регистрира еден од најплатените фудбалери


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Аргентинскиот тренер Маурицио Покетино има голем предизвик да го врати Челси на победнички патеки, откако газдата Тод Боели потроши еден куп пари на засилувања.

„Сините“ повторно направија „циркус“ откако „заборавиле“ да регистрираат еден од најплатените фудбалери на тимот.

Покетино регистрира 25 фудбалери за Премиерлигата кои ќе играат до крајот на сезоната, а притоа стана јасно дека шанса нема да добие Маланг Сар, кој добива плата од 120.000 евра неделно.

Французинот има договор до 2025 година, па во следниот период без напор ќе заработува плата, иако Челси во јануари ќе се обиде да го продаде.

Сар пристигна во клубот во 2020 година за 16 милиони евра од Ница, но се покажа како големо разочарување.