Циципас: Моја цел во 2024 е да освојам гренслем-титула и медал на ОИ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Грчкиот тенисер Стефанос Циципас има големи амбиции за 2024 година, односно да освои гренслем-титула и да има добар настап на Олимписките игри (ОИ) во Париз.

Циципас кажа дека негов сон е и да настапи со братот Петрос на ОИ кои ќе се играат на лето.

„Моја цел за 2024 година е да освојам гренслем-титула и медал на Олимписките игри. Исто така, мој сон е со брат ми Петрос да играм во Париз“, кажа Циципас.

Гркот во моментов е на 10. место на АТП-листата.