Тухел објасни зошто дозволил Лукаку да си замине од Челси


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Тренерот на Челси, Томас Тухел кажа дека Ромелу Лукаку си заминал затоа што имал желба да игра за Интер и не е сигурен дека ќе се врати во Лондон.

Белгискиот фудбалер замина на позајмица во Интер, но најверојатно калчолигашот ќе го откупи неговиот договор на крајот од сезоната.

„Решивме заедно со сопствениците на клубот да го пуштиме да замине. Сакаше да си оди, имаше можност и ние го пуштивме. Сега го купивме Рахим Стерлинг, кој ни дава флексибилност и многу опции за нападот, дури и да не купиме нов напаѓач“, вели Тухел.

Лукаку претходно призна дека трансферот во Челси минатата година бил голема грешка, па затоа сака повторно да игра за Интер.