Турција – Беа најслаба репрезентација, а сега можат далеку!


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Замислите Турција да игра финале на Европското првенство, што воопшто не е невозможно.

Судејќи според сегашната ситуација, Турците најверојатно ќе играат во осминафиналето.

Тие ја совладаа Чешка со 2:0, ги освоија првите три бода, имаат гол разлика 2:4 (подобри се од Албанија која има гол разлика 1:3) и сега чекаат да се случи една следните две ситуации:

1.  Португалија да изгуби од Унгарија и во натпреварот помеѓу Исланд и Австрија да има победник.
2. Да не изгубат Италија и Белгија против Ирска и Шведска.

Оваа втората секако е многу пореална, а ако таа се случи, тогаш ова Европското првенство ќе ни го покаже неговиот најголем недостасток.

Турција која во првите две кола беше можеби и најслабата репрезентација сега би можела да стигне далеку на овој шампионат.
Како?

Доколку поминат, одат во Велс во осминафиналето, а тоа е противник против кого имаат право да се надеваат на победа. Понтаму, во четвртфиналето би можеле на Белгија или Унгарија/Португалија, во зависност од ситуацијата во групата Ф.