УЕФА има проблем со организирање на Суперкупот во Будимпешта


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Шампионот на Лигата на шампиони, Баерн Минхен и освојувачот на Лига Европа, Севилја треба да се соочат на 24 септември во Будимпешта, и тоа треба да биде прв меч со публика во организација на УЕФА.

Меѓутоа, Унгарија се соочува со проблеми и во вторникот ги затвори границите за сите странци поради ковид-19.

„УЕФА соработува со фудбалската федерација на Унгарија и Владата за воведување на мерките за да се грижиме за здравјнето на сите кои ќе бидат присутни на натпреварот. Потребните документи за влегување во Унгарија за различни групи се дел од преговорите“, соопштија од УЕФА.