УЕФА ќе го менува форматот на ЕП: Или ќе заврши пандемијата или не бега катастрофа!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


УЕФА планира да го промени форматот за Европското првенство (ЕП) кое ќе се игра во 2021 година. Тоа требаше да се одигра годинава, но поради пандемијата беше одложено за следната.

Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин кажа дека не мора да се игра фудбал во 12 градови ширум континентот, туку може да се игра во 11, 8, 5 или само една земја.

„Или пандемијата ќе заврши или ќе биде целосна катастрофа“, кажа Чеферин.

Беше најавено дека Европското првенство ќе се одржи во Рим, Лондон, Амстердам, Баку, Билбао, Букурешт, Будимпешта, Копенхаген, Даблин, Глазгов, Минхен и Санкт Петербург.

„Сан“ објави дека неколку градов домаќини ќе се повлечат од организација на првенството, а тоа се Баку, Санкт Петербург и најверојатно Билбао.