УЕФА ќе воведе Ф4-турнир во Лига на шампиони!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот на Европската куќа на фудбалот (УЕФА), Александер Чеферин зборуваше за можна промена на форматот во завршницата на Лигата на шампиони (ЛШ).

Сè појасно е дека наместо полуфиналиња, елитното европско натпреварување ќе добие Ф4-турнир.

„Не сме зборувале за тоа поради пандемијата која ни е главна тема, но мислам дека би било одлично. Тоа ќе биде интересно за навивачите и ќе има повеќе возбудувања“, вели Чеферин.

Чеферин уште еднаш повтори дека е против одржување на Светско првенство (СП) на секои две години.

„Тоа е проект кој ќе го уништи фудбалот. Тоа е против сите принципи на нашиот спорт, па и Олимписките игри. Фудбалерите и така имаат тежок распоред, секое лето играат турнири, но ние сметаме дека нема да успее идејата“, смета првиот човек на УЕФА.