УЕФА објави: Манчестер сити е виновен и би можел да биде исфрлен од ЛШ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот шампион Манчестер сити би можел да биде исфрлен од Лигата на шампиони, откако УЕФА неодамна почна истрага против нив поради финансиски неправилности, а денеска донесе одлука дека се виновни.

Наводно, „граѓаните“ не ги почитувале правилата кога станува збор за соработка со спонзори поврзувани со сопствениците на клубот.

„Фудбал Ликс“ објави документи според кои може да се заклучи дека Манчестер сити се обидел да ги „прескокне“ правилата на УЕФА и на финансискиот фер-плеј.

„Граѓаните“, наводно, добивале финансиска помош од инвеститорски компании зад кои стојат Обединетите Арапски Емирати како држава.

„Шефот на финансиската контрола се консултираше со останатите членови на независното тело и донесена е одлука дека Сити е виновен. Против нив беше почната истрага на седми март поради кршење на финансискиот фер-плеј, а до конечната одлука за казна УЕФА нема да се огласува“, соопштија од УЕФА.