УЕФА подготви ново натпреварување за гигантите


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Европската куќа на фудбалот (УЕФА) подготви ново натпреварување за клубовите пред почетокот на секоја сезона, а ќе почне од 2024 година, откако претходно беше потврден новиот формат на Лигата на шампиони, а на мини-турнирот ќе учествуваат четири клуба во стил на Ф4-формат.

Европскиот Суперкуп не би исчезнал, но повеќе нема да го играат освојувачот на Лигата на шампиони (ЛШ) и Лига Европа, туку освојувачот на Лига Европа ќе игра против победникот од Конференциската лига.

УЕФА ќе го испроба новиот формат на кој ќе се натпреваруваат четири тима во летен термин, и тоа најверојатно во САД на почетокот.

Планот на УЕФА е турнирот да се игра во август со две полуфиналиња и едно финале, а идејата ја прифатија клубовите и комитетот на натпреварување, па се чека само официјална потврда.