УФЦ има решение – ќе изнајми приватен остров за борбите!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Последните неколку месеци спортот е целосно запрен поради коронавирусот, а проблеми има и УФЦ, но очигледно тие веќе имаат потенцијално решение.

Дена Вајт, првиот човек на организацијата, не сака повеќе да се откажуваат борби, па затоа за претстојните настани подготви приватен остров.

Локацијата уште не е позната, но според зборовите на Вајт на приватниот остров ќе бидат организираниборбните.

Тоа значи и дека најверојатно ќе се одржи борбата меѓу Тони Фергусон и Џастин, кој ќе се бори наместо Хабиб Нурмагомедов, кој „заглави“ во Русија поради вирусот.

Сосема е јасно дека на борбите нема да биде дозволено присуство на публиката, а Вајт кажа дека борците постојано ќе се тестираат на коронавирус.