УФЦ планира враќање на борбите уште во мај!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најголемата светска ММА промоција, УФЦ, објави датум за враќање на борбите.

Следниот настан УФЦ е планиран за 9-ти мај кога е предвидено да се одржи УФЦ 250, а овде ќе можеме да видиме некои навистина спектакуларни борби.

Натпреварот на вечерта би бил откажаниот дуел од настанот УФЦ 249 за привремената титула шампион во лесна категорија меѓу Тони Фергусон и Џастин Гаети, а победникот на овој натпревар веројатно би се борел со Кабиб Нурмагомедов за појасот во септември.

Локацијата на натпреварите сè уште е непозната, но Вајт е подготвен да реагира брзо и да го организира настанот доколку за тоа се создадат здравствени услови.

Покрај натпреварот Фергусон – Гаети, на овој настан би ги гледале и Чеједо – Круз, Нунс – Спенсер, Черон – Петис и Нгану – Розенстроик.