Украина ја победи Словачка и ја измеша групата Е (Видео)


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Украина се врати од „мртвите“ и ја реши Словачка со 2-1 за да ги измеша работите во групата Е.

Репрезентативците на Украина примија гол од Шранц во 17. минута и полувремето го завршија со негатива од 0-1, но во вториот дел почнаа да се будат и Шапаренко донесе израмнување во 54. минута.

Голот за победа на Украина го постигна Јаремчук во 80. минута кога ја затресе мрежата на Дубравка.

Романија, Украина и Словачка имаат по три бодови во групата Е, додека Белгија е без освоен бод.