Успех со репрезентацијата, “хаос” во приватните животи на Велашаните


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сензационалниот успех на репрезентацијата на Велс очигледно ги изненадил и самите фудбалери на оваа репрезентација.
Поради големиот успех дел од репрезентативците ќе мораат да ги менуваат плановите кои ги имаа ова лето. Играчот од средината Џо Ледли мораше да ја одложи венчавката, додека Крис Гунтер е кум на венчавката на неговиот брат, па својата должност тој ќе ја изврши преку скајп, додека на дефанзивецот Неил Тејлор му пропадна изненадувањето кое го припреми за неговата сопруга.

“Џо имаше резервирано теремин уште додека игравме во квалификациите. Кој тогаш можеше да поверува дека би стигнале волку далеку. Но не грижете се, сите мислиме само на Португалија”- изјави првата ѕвезда на тимот Герет Бејл.

“Нема шанси да пропуштам полуфинале на Европското првенство. Ова е историски момент за нашата земја. Можеби никогаш повеќе нема да бидеме тука. На мојата сопруга и беше далеку потешко, не знаеше што да избере, натпреварот или свадбата. Синовите предизвикаа хаос. Што избра на крајот? Натпреварот, секако”- изјави Гунтер.

“Мислев дека го средив поклонот за нејзиниот роденден, не погледав кој е датумот. Подоцна таа ми кажа дека на денот на натпреварот. Верувам дека добро си помина на натпреварот”- изјави Тејлор.