Вајлдер мисли на пензија: Конечно најдов мир во животот (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Деонтај Вајлдер синоќа загуби од Џозеф Паркер по борба во 12 рунди, по што „бронзениот бомбардер“ најави дека би можел да замине во пензија.

Вајлдер смета дека заслужил да победи, меѓутоа го пофали ривалот за одличната борба.

„Имав чувство дека заслужив да победам, но мојот тајминг не беше добар. По заслуга на Џозеф, кој заврши одлична работа и ги избегна најтешките удари. Вечерва нема да барам изговори. Ќе видиме што ќе се случи. Јас сум среќен борец. Ако не се вратам, ми беше задоволство. Најдов мир во мојот живот и цела недела имам насмевка на лицето“, кажа Вајлдер.