Валенсија купува напаѓач од Њукасл?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Валенсија наредната сезона ќе игра во ЛШ па планира да доведе засилување од Њуккасл.

Ајоз Перез постигна 12 голов во Премиер лигата оваа сезона и има уште две години договор со Тотенхем, но на Местаља ќе пробаат да го купат и да го засилат нападот за наредната сезона.

„После пет години во Њукасл, време е за промена“, изјави Перез и наговести трансфер.

„Моја идеја е да се вратам во шпанскиот фудбал, сакам да играм во голем клуб во Ла Лига и тоа би било одлично за мојата кариера. Животот во Англија не ми е толку добар како во Шпанија“, додаде тој.

Тој во 195 натпревар за Њукасл постигна 48 голови и сега само прашање е на денови кога ќе се врати во Шпанија.

Валенсија е голем клуб и игра во ЛШ, така би можел да биде идеален за овој напаѓач.