Валкана игра на австралиските политичари: Сакаат да го депортираат Ѓоковиќ за да нема време за жалба?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ го доби случајот против австралиските власти и остана во државата каде што треба да настапи на Австралијан опен.

Министерот Алекс Хок, сепак, има можност да донесе одлука за да биде депортиран Србинот, кој секако има право на жалба, но политичарите играат валкана игра.

Австралиските медиуми пишуваат дека најдобриот тенисер во светот веднаш ќе се жали откако ќе добие решение за депортација од Австралија.

Хок, наводно, намерно ја одложува одлуката за депортација на Србинот со цел да потроши доволно време за Ѓоковиќ да нема време да се жали бидејќи турнирот почнува во понеделник, на 17 јануари.

Владата на Австралија сака да ја прекине визата на Ѓоковиќ, а доколку таква одлука биде донесена во петок, тогаш така ќе се намалат шансите на Ноле за жалба.