Ван Дајк: Пред 285 дена тргнав по овој пат, немам зборови…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк им се заблагодари на сите кои му давале поддршка за време на рехабилитацискиот период.

Холандскиот дефанзивец, кој не играше одамна откако заврши на операција на коленото во минатиот октомври, во четвртокот повторно се најде на теренот во пријателски меч против Херта.

„Пред 285 дена тргнав по овој пат кој ме водеше до враќање на теренот. Тешко ми е да се изразам како се чувствувам, но важно е да кажам дека сум благословен што добив поддршка. Хирургот, моите физиотерапевти, тренерите и персоналот кои беа со мене од првиот ден. Соиграчите ми даваа енергија, ми помагаа да оздравам. Навивачите ми испратија љубов и поддршка“, вели Ван Дајк.

На теренот во истиот меч се врати и Џо Гомез, кој пропушти поголем дел од оваа сезона.