Ван Гал кажа дека се бакнуваат со Депај во уста, по што следеше урнебесна реакција (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Холандија ќе се соочи со Аргентина во четвртфиналето на Мундијалот во Катар, а селекторот Луј Ван Гал даде коментар кој ги насмеа сите.

Ван Гал на прес-конференцијата пред мечот со Аргентина кажа дека се во одлични односи со Мемфис Депај и кажа дека се бакнуваат во уста, по што следеше урнебесна реакција на фудбалерот.

„Ди Марија ме нарекол најлош тренер? Има и други што мислат така, а мене ми е навистина жал. И Мемфис мораше да се соочи со мене во Манчестер, а сега двајцата се бакнуваме во уста“, кажа Ван Гал.