Ван Гал тврди дека Мундијалот бил наместен поради – Меси!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот тренер на Манчестер јунајтед, Луис Ван Гал вели дека Светското првенство (СП) во Катар било наместено за Лионел Меси да го освои трофејот.

Меси го освои првиот пехар на Мундијалот во кариерата, откако во финалето постигна два гола и така на Аргентина ѝ обезбеди пенали на кои славеше со 4-2 против Франција.

Ван Гал поднесе оставка од селекторската позиција на Холандија и во разговор со медиумите кажа што мисли за Мундијалот во Катар.

„Не сакам да зборувам премногу за тоа. Кога ќе погледнете како Аргентина ги постигна головите и како ние ги постивнавме нашите голови, сè ќе ви стане јасно. Мислам дека тоа беше однапред смислена игра“, кажа Ван Гал и потврди дека првенството било наместено.