Вардар ќе го смени Чупиќ со бивш ракометар на Металург!

Иван Чупиќ на лето треба да го засили тимот на ППД Загреб, откако хрватските медиуми неодамна најавија дека тој постигнал договор со тимот од неговата татковина, а во Вардар како замена треба да пристигне Дарко Ѓукиќ.

Србинот ќе пристигне како замена за Чупиќ, а македонската јавност веќе го познава Ѓукиќ, кој во минатото настапуваше за екипата на Металург.

Меѓутоа, тој остана кратко во Металург, по што си замина во Кјелце во 2016 година, а таму мина две сезони, по што настапуваше за Мешков Брест и за Спортинг Лисабон.

Ѓукиќ настапува и за српската репрезентација, односно има 50 настапи за нив, па би требало да биде квалитетно засилување за поранешниот европски шампион.