Вардар му понудил на Писонеро да се врати, но добил – „корпа“!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Давид Писонеро не остана долго време на тренерската позиција во Вардар, иако пристигна на почетокот на новата сезона, откако го наследи Роберто Парондо.

Писонеро немаше добри резултати, па беше поставен за асистент на Едуард Кокшаров, кој седна на кормилото на Вардар, но тоа беше уште полош потег на управата на европскиот шампион.

Откако забележале дека направиле грешка, „црвено-црните“ се обиделе да го вратат Писонеро на тренерското место, но тој ги одбил, по што Вардар го постави Стевче Алушовски за нов тренер на екипата.

„Добив понуда од Вардар да бидам повторно прв тренер. Ми се извинија затоа што знаеја дека згрешиле. Сепак, јас не сакав да се вратам и ја одбив нивната понуда бидејќи немаше смисла“, вели Писонеро.