Вардар по четири месеци конечно победи во ЛШ!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вардар конечно успеа да слави во Лигата на шампиони (ЛШ) и тоа беше втор триумф за „црвено-црните“ откако денеска беа подобри од Елверум со 35-32.

Македонскиот тим победи за првпат во ЛШ по 15 октомври, и успехот против Фленсбург во финишот од натпреварот.

Вардар имаше добар старт и водство во првите 10 минути со 9-6, но ривалот на полувреме замина со предност од 20-17.

Во вториот дел „црвено-црните“ влегоа во серија од 5-1 и направија пресврт, а во самиот финиш го решија прашањето за победникот (35-32).

Вардар со денешниот триумф го испрати Елверум на дното на табелата во групата А.