Вардар поразен во Скопје, Динамо на чекор третото претколо од ЛШ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на нашиот шампион се совладани од екипата на Динамо од Загреб во рамките на второто претколо од ЛШ, а хрватскиот шампион славеше со 2:1 и дојде на чекор од третото коло.

Модрите имаа 2:0 на полувреме. Мијушковиќ прво ја затресе сопствената мрежа за водство на гостите во 21 минута, а Рог во 30 минута по нафрлување на Саудани зголеми на 2:0.

Нашиот шампион успеа преку Хамбарџумјан да намали на 2:1 во 54 минута, а до крајот повеќе погоди немаше.

Пред шампионот на Вардар во Загреб претстои невозможна мисија за да се пласираат наредното претколо бидејќи треба да победат со два гола предност.