Вардар промовираше двајца македонски репрезентативци! (ФОТО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Актуелниот европски шампион Вардар продолжи со промоцијата на новите засилување, а откако ги претстави Анте Гаџа и Јосип Векиќ, денеска потврди уште два трансфери.

Двајца репрезентативци на Македонија следната сезона ќе ги бранат боите на Вардар. Еден од нив е Гоце Георгиевски, кој потпиша договор до 2022 година, додека Филип Талески потпиша едногодишна соработка.

Вардар и следната сезона ќе има големи амбиции, меѓу кои е обезбедување на пласман во топ-8 во Лигата на шампиони.