Вардар се засили со Кореец и со млад напаѓач од Брера


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар ги соопшти првите засилувања за следната сезона, а тоа се 22-годишниот лев бек Сеук Гјун-Ким и 18-годишниот Марио Костов.

Вардар почна да составува екипа за следната сезона во која има високи амбиции, а Гјун-Ким игра на позицијата лев бек, додека Костов е млад напаѓач.

„Црвено-црните“ минатата сезона се спасија од испаѓање во понизок ранг, но оваа година ќе го нападнат врвот на табелата.