Вардар се засилува со српски бомбардер на десната бековска позиција

Вардар продолжува со напорната работа да состави конкурентен тим за остварување на високите амбиции во Лигата на шампиони следната сезона.

Европскиот шампион бара засилување на десната бековска позиција, а најнова желба на раководството е српскиот ракометар Марко Вујин.

Овој искусен ракометар има 36 години и го одработи договорот со Спортинг Лисабон, по што бара нова екипа за следната сезона.

Вујин е еден од најдобрите стрелци во Лигата на шампиони и таму настапуваше со екипите на Кил и Веспрем.

Засега нема информација до каде се преговорите меѓу екипата и ракометарот, но наскоро се очекуваат повеќе детали за целиот случај.