Вардар си доби ваучар од АМС, за ФФМ следеше една – голема нула!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Агенцијата за млади и спорт (АМС) вчера ги објави ваучерите за клубовите за 2021 година, а иако се споменуваше дека РК Вардар нема да добие ваучер, сепак тоа не се случи и „црвено-црните“ добија 310.000 евра.

Еурофарм Пелистер и Металург се екипи кои добија по 285.000 евра, додека кај фудбалските тимови Шкендија доби 10,8 милиони денари, Шкупи доби 10 милиони денари, Ренова околу 9,5 милиони, а Вардар доби 8,4 милиони денари.

МЗТ Скопје кај кошаркарите го доби најголемиот ваучер во износ од 13 милиони денари, по што следеше Работнички со 12 милиони, па Гостивар со 8,7…

Кај федерациите РФМ доби 16 милиони денари, по што Кошаркарската федерација доби 14 милиони денари, а одбојкарската 12 милиони, додека ФФМ остана со празни раце и оваа година.