Вардар со херојска игра го растури Монпелје!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот европски шампион Вардар го изненади францускиот гигант Монпелје со 28-25 и така остана во трката за пласман во плејоф во Лигата на шампиони (ЛШ).

Почетокот на натпреварот беше возбудлив, а Монпелје првото водство го имаше во 13. минута од 6-5, меѓутоа Вардар потоа ја презема контролата во свои раце и до полувреме стигна до 14-10.

Вардарци беа одлични и во второто полувреме, па така со неколку мини-серии избега на убедливи седум разлика (23-17).

Монпелје до крајот на мечот се трудеше да се врати во игра и тоа за момент им успеа, кога намалија на три гола негатива, но сепак немаа сила за целосен пресврт (25-28).

Најдобар во екипата на Вардар беше голманот Мартин Томовски со 14 одбрани, додека Оливие Њокас даде пет гола за „црвено-црните“.

Фото: РК Вардар 1961