Вардар загуби по тешка битка, ПИК Сегед си замина со бодовите од Скопје


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вардар запиша уште еден пораз во ракометната Лига на шампиони откако денеска загуби од ПИК Сегед на домашен терен со 26-28.

Мечот не започна онака како што посакуваа вардарци. ПИК Сегед дојде до водство од 0:2 и гостинскиот тим беше подобар противник се до моментот кога водеа со 4:7. Тогаш Вардар почна да игра подобро и со серија од 3:0 дојде до 7:7. Во продолжение од полувремето нити еден од двата тима не правеше поголема разлика. Првото водство Вардар го имаше кога поведе со 11:10. На полувреме избрзаниците на Алушовски заминаа со плус два (15:13).

На стартот од вториот дел гледавме слична игра, а по играта гол за гол гостите се вратија во предност во 47. минута 21:22. Вардар изедначи веќе во следниот напад.

По тоа изедначување Вардар сепак како да почна да го губи чекорот со противникот. Чупиќ во последните минути промаши еден седмерец. На минута до крајот црвено-црните и дојда на минус еден 26:27. Гостите тука имаа напад за да го решат победникот. Нападот беше реализиран и тука приказната заврши. Сегед го доби мечот со 26:28.

Најефикасни кај Вардар беа Дибиров и Ловро Јотиќ со по шест гола. Валчак одигра солиден меч со четири гола.

Фото: Денис Дуковски (РК Вардар)