Вардаровите херои конечно тргнаа кон Скопје, фановите со нетрпение ги очекуваат (Фото)

По неколку одложувања, авионот кој ја пренесува експедицијата на РК Вардар конечно тргна од аеродромот во Келн.

Истиот се очекува да пристигне на скопскиот аеродром околу 20:30 часот од каде потоа сите ќе се упатат кон плоштадот „Македонија“ каде ќе се одржи прославата на големиот успех и освојувањето на првото место во ракометната Лига на шампиони.