Вдовицата на Коби Брајант го доби Лос Анџелес на суд и ќе добие огромна отштета!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сопругата на еден од најдобрите кошаркари во историјата, Ванеса Брајант застана пред суд и ги тужеше полицајците кои ги фотографирале телата на Коби Брајант и неговата ќерка Џиана.

Адвокатот кој ја претставува Ванеса соопшти пред судот во Лос Анџелес дека полицајците стигнале на местото на инцидентот, каде што ги направиле спорните фотографии и потоа ги објавиле.

„Си-Ен-Ен“ објави дека правдата е задоволена, односно Ванеса го доби случајот, а Лос Анџелес ќе треба да ѝ исплати неверојатни 15 милиони долари.

Хеликоптерската несреќа се случи на 26 јануари 2020 година, по што се појавија информации дека припадници на одделението на шерифот стигнале први на местото на инцидентот.