Веќе нема дилеми, Арсенал во следните 48 часа добива супер засилување


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Тренерот на Арсенал, Микел Артета договори супер засилување за следната сезона.

Англиските медиуми пренесуваат дека во следните 48 часа и официјално бразилскиот интернационалец Вилијан ќе потпише договор со „топчиите“.

Сега веќе поранешниот играч на Челси се согласил на тригодишен договор со тимот на Арсенал, а Микел Артета му ветил на играчот стандардно место во првата постава.