Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Кошаркарите на Минесота ги совладаа пред своите навивачи Сан Антонио Спарс со 114:109 и ја изедначија во полуфиналната серија на Западот на 2:2, а натпреварот го одбележа исклучувањето на суперѕвездата од гостинскиот тим – Виктор Вембањама.
Младиот Французин беше исклучен веќе во втората четвртина, откако дивјачки го удри со лакт Наз Рид.
Инцидентот започна кога Вембањама зграби офанзивен скок по промашен шут, но во метежот под кошот на него насрна Џејден Мекданиелс, кој грубо го притисна (слични работи правеше и против Никола Јокиќ). Разбеснетиот Вемби, замавна со лактот и го погоди Рид во областа на вилицата и вратот.













