Венгер го откри пеколниот план од 2013: Три трансфери поради кои сè ќе беше поразлично!

Поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер во 2013 година имал неверојатен план, но за жал не успеал да го реализира.

Венгер го презема Арсенал во 1996 година и го предводеше до 2018, па се смета за најуспешен во историјата на клубот од Лондон.

Французинот во Арсенал донесе многу звучни имиња како Пети, Овермарс, Анри и други, но сакал во 2013 година да направи три трансфери.

Венгер сакал да ги ангажира Жерар Пике и Лионел Меси во исто време кога го донесе Сеск Фабрегас од Барселона.

„Да бидам искрен, кога потпишавме со Сеск, исто така контактиравме со Меси и Пике. Жерар на крајот реши да замине во Јунајтед, а Барселона го задржа Лео“, вели Венгер.