Венгер конечно се одлучи: Стигнува стопер од Атлетико?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Арсенал ќе проба во своите редови да го доведе дефанзивецот на Атлетико Мадрид Хосе Хименез.

Топџиите до крајот на преодниот рок сака да ја засили дефанзивната линија на тимот. Со нив се поврзуваат неколку имиња, а најчесто се споменуваше стоперот на Валенсија Шкодран Мустафи.

Меѓутоа, договор со шпанскиот тим не е постигнат, па според тврдењата на Дејли Мајл, Арсенал почна преговори со Атлетико Мадрид околу 21-годишниот Уругваец Хосе Хименез.

Скапо овој фудбалер ќе ја чини екипата од Лондон. Тимто од Мадрид за неговите услуги бараат дури 45 милиони евра, па тоа може и да го закочи потенцијалниот трансфер.

Со Арсенал уште се споменуваат Омер Томар и Симон Кјаер.