Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот фудбалер на Баерн Минхен и Челси, Михаел Балак изјави дека е сигурен дека неговата репрезентација ќе победи во четвртфиналето од Европското првенство.
“Верувам во победа на Германија. Се сомневам дека Италија е во состојба повторно да вложи толкав напор како во натпреварот против Шпанија”- изјави поранешниот германски репрезентативец.
Германија до сега никогаш не ја победила Италија не некој голем турнир.
Натпреварот помеѓу овие две селекции на ЕП во Франција се игра во сабота со почеток од 21:00 часот во Бордо.