Веспрем на завршниот турнир во СЕХА-лигата, Војводина се откажа поради Ковид-19 пандемијата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На почетокот на септември, поточно од 4-ти до 6-ти, завршниот турнир од СЕХА-лигата ќе се одржи во Задар.

Откако претходно настапот меѓу четирите најдобри екипи го обезбедија белорускиот Мешков и хрватскиот Загреб, место обезбеди и за унгарскиот Веспрем.

Сепак, Унгарците не мораа да играат два четвртфинални натпревари бидејќи Војводина се откажа од патувањето во Унгарија, каде требаше да се одигра реваншот.

Од Војводина го известија раководството на СЕХА-лигата да го откажат патувањето заради епидемиолошката состојба и ограничувањата на патувањата.

Треба да се додаде дека Веспрем го доби првиот натпревар со 31:26 одигран пред почетокот на пандемијата на корона вирусот, и дека покрај споменатите клубови на завршниот турнир ќе се приклучи подобриот од дуелот меѓу Вардар и Нексе, чиј реванш натпревар натпревар е закажан за 29. август. Во првиот натпревар одигран во Нашице, Вардар славеше 31:30.