Вестбрук им оставил бакшиш од 8.000 долари на вработени во хотел!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хјустон рокетс испаднаа во полуфиналето на Западната конференција од Лос Анџелес Лејкерс. При напуштањето на хотелот каде што биле сместени, Расел Вестбрук ја покажал својата големина и им оставил бакшиш на вработените од 8.000 долари.

Хјустон беше повеќе од два месеци во хотелот, а Вестбрук бил задоволен од услугата на вработените.

„Им требаше многу труд, време и енергија за да ја извршуваат нивната работа на високо ниво и успеаа во тоа. Сакам кога работите се одвиваат на најдобар можен начин“, кажа Вестбрук.

Вестбрук не сакал да ја открие точната сума која ја оставил како бакшиш, но вработените им откриле на новинарите.