Вињалес најбрз на патеката во Сепанг за втора победа сезонава

Маверик Вињалес победи на трката за Големата награда на Малезија во Мото ГП категоријата, која се возеше на патеката во Сепанг.

Вињалес водеше од почетокот до крајот и заслужено стигна до втората победа во сезоната, а втор низ целта помина Марк Маркез, додека место на подиумот имаше и за Андреа Довициозо.

Легендарниот Валентино Роси беше блиску до најдобрата тројка, па заврши четврти, а Фабио Квартаро, кој тргна од пол-позицијата, на крајот заврши седми.

Последната трка во Мото ГП шампионатот се вози за две недели на Рикардо Тормо патеката во Валенсија, а минатата година на неа триумфираше Довициозо.

Во секој случај, нема многу да промени тоа кој ќе заврши прв, зашто Маркез веќе ја освои титулата.