„Вишокот“ на Челси ќе биде замена за Бензема!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид летово не успеа да купи нов напаѓач, иако ги сакаше Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе, па сега им остана само опцијата да ангажираат замена за фантастичниот Карим Бензема.

Тренерот Карло Анчелоти наводно го сака Тимо Вернер од Челси, кој пристигна од Лајпциг за 53 милиони евра, но во моментов е „вишок“ кај предводникот на тимот, Томас Тухел.

Вернер постигна само 10 гола на 56 настапи во Премиерлигата, а тоа е малку во однос на очекувањата кои ги имаа „сините“.

Германскиот напаѓач беше желба и на Јувентус, но наводно сега е поблиску до потпис со Реал Мадрид, кој активно бара замена за Бензема.