Вистински шампион: Ѓоковиќ му честиташе на Надал за трофејот во Австралија!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ се јави по пласманот во финале на Австралијан опен во кое играа Рафаел Надал и Данил Медведев.

Шпанецот го победи рускиот тенисер со 2-6, 6-7, 6-4, 6-4 и 7-5, па така стигна до рекордната 21. гренслем-титула во кариерата и ги надмина Ѓоковиќ и Роџер Федерер.

„Имаше неверојатен тенис на Австралијан опен и финалето беше спектакуларно. Ѝ честитам на Ешли Барти за нејзиниот настап пред домашната публика и на Даниел Колинс. Му честитам на Надал за 21. титула. Неверојатно постигнување. Секогаш има борбен дух, додека Медведев даде сè од себе и одигра страсно“, вели Ѓоковиќ.

Србинот во Австралија не можеше да игра на турнирот затоа што австралиските власти му ја укинаа визата.