„Вистинскиот вирус е во Јувентус, бараме дезинфекција на Торино!“


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Дербито од третото коло во Серија А меѓу Јувентус и Наполи синоќа не се одигра со оглед на тоа дека гостите од Неапол не се појавија поради ковид-19.

Здравствената служба во Неапол им забрани на фудбалерите на Наполи да патуваат во Торино, но од Серија А соопштија дека сите услови на протоколот се испочитувани и не смее мечот да се одложи.

Фудбалерите на Јувентус се појавија на стадионот во Торино, но Наполи го немаше, па „Старата дама“ ќе добие службена победа од 3-0.

„Вистинскиот вирус е Јувентус. Ни треба дезинфекција на Торино“, пишува на еден транспарент кој се појави во Неапол.