Вистинските проблеми за Ибрахимовиќ и Лукаку допрва доаѓаат!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Златан Ибрахимовиќ и Ромелу Лукаку жестоко се скараа на мечот меѓу Интер и Милан, а за малку ќе имаше и тепачка на теренот.

Ибрахимовиќ почна да го провоцира Белгиецот, а потоа ја спомена неговата мајка и тоа го изнервира Лукаку, кој почна да го пцуе и да му се закани.

На крајот двајцата добија по еден меч суспензија, и тоа поради картоните. Сепак, овој инцидент ќе има и „второ полувреме“, па вистинските проблеми допрва доаѓаат.

Обвинителството на Фудбалскиот сојуз на Италија објави аудио и видео снимка од целосниот случај и почна истрага, која ќе биде завршена по итна постапка.

Наводно, двајцата фудбалери може да добијат дополнителни казни и да паузираат неколку натпревари.