Вклучен алармот во Барселона, таткото на Меси пристигнал во Милано на преговори


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со месеци се шпекулира дека Лионел Меси на крајот ќе ја напушти Барселона.

Многумина сè уште се на мислење дека нема ништо од тоа, но се чини дека Интер има свои математики.

Калчомеркато утрово известува дека таткото на Меси сериозно размислува за трансферот и дека дури пристигнал во Милано за да спроведе одредени разговори.

Се вели дека богатите Кинези во Интер се подготвени да го потресат фудбалскиот свет и да направат нешто слично на она што го направи Јувентус со Кристијано Роналдо.

Наводно Интер му понудил опција да потпише четиригодишен договор вреден дури 260 милиони евра.

Така, Меси би бил далеку најплатен играч на светот, заработувајќи скоро двојно повеќе отколку што има Кристијано Роналдо во Јувентус. Сепак, убедувањето на Меси да ја напушти Барселона е нешто што никој досега не успеал, но Интер очигледно не се откажува толку лесно.